Иако живеат на врвот на луксузот – во пентхаус кој се протега речиси до облаците, Дејвид и Викторија, Бекамови повторно докажуваат дека нивното вистинско задоволство не е само гламурот и богатството, туку и блискоста со природата, семејството и моментите далеку од очите на јавноста.
Нивниот дом во Мајами се наоѓа во една од најлуксузните станбени згради во светот – монументална зграда висока 62 ката, чија архитектура наликува на светилник кој се издига над градот. Во овој простор, кој повеќе личи на луксузен хотел со пет ѕвезди отколку на класично семејно гнездо, секој детал од ентериерот е дизајниран со највисок вкус и внимание. Пет спални соби, шест бањи, отворен поглед на океанот, речиси илјада квадратни метри простор за живеење – сè зрачи со екстраваганција. Вредноста на пентхаусот, според некои извори, се проценува на околу 20 милиони долари.

Сепак, и покрај овој луксуз, Бекамови не се откажуваат од едноставниот, природен живот. Во медиумите постојано потенцираа колку им е важно барем повремено да се оддалечат од урбаната средина и да се посветат на семејството, природата и себеси. Планини, шуми, море, плажи – ова се нивните вистински оази на мирот.

Токму затоа, на изненадување на многумина, тие решија дел од летниот одмор да го поминат на Балканот – во Црна Гора, на познатиот остров Свети Стефан. Иако важат за еден од најпознатите и најбогатите парови во светот, одморот го поминуваат во знак на скромност, приватност и едноставност. Нивната посета на Црна Гора остана во сеќавањето на локалниот персонал како пример за гостопримство, но и услов за целосна дискреција. Собарките имаа одредено време да влезат во нивните луксузни апартмани и не им беше дозволено да носат мобилни телефони – се со цел да се осигура дека ниту една фотографија не протече во јавноста.

И покрај мерките на претпазливост, еден нивен престој на Јадранот сепак бил снимен со фото објективи – за време на вечерата во престижен ресторан на островот Шипан, каде и покрај барањето за приватност, фотографиите протекоа во јавноста. Тоа не ја намали нивната љубов кон овој регион – напротив, Бекамови од година во година се враќаат на Јадранот, далеку од вообичаените светски џет-сет дестинации.
Дејвид и Викторија, заедно со нивните деца, се обидуваат да балансираат помеѓу богат и јавен живот и тивок, семеен живот, исполнет со автентични моменти во природа. Нивното се позачестено присуство на плажите во Црна Гора, но и во природните оази ширум светот, зборува за подлабока потреба – да се вратат на себе, на своите корени и едноставни вредности.
Во исто време, нивната врска со Мајами, каде што го прават својот постојан дом, останува силна. Таму често можеме да ги видиме на бреговите на Флорида, како шетаат наутро без обезбедување, боси по песокот, со деца, со кучиња – целосно неоптоварени од славата.

На крајот, иако живеат во зграда која ја симболизира висината на луксузот, Бекамови свесно ја избираат природата, интимноста и вистинските вредности. Нивниот начин на живот е комбинација од гламур и автентичност, раскош и скромност – и ова можеби е тајната на нивниот долгорочен успех и трајна популарност.