Музичка младина на Македонија го започнува есенскиот циклус на концерти „Слободна Среда“

Музичка младина на Македонија со задоволство го најавува почетокот на есенскиот циклус на концерти „Слободна Среда“, кој ќе се одржи на 29 октомври и 5 ноември, со почеток во 19:00 часот во Музејот на македонската борба во Скопје.

На концертите ќе настапат повеќе млади музичари на возраст од 7 до 30 годишна возраст, од повеќе градови во Македонија. Влезот за публиката е бесплатен.

„Слободна Среда“ е платформа посветена на млади музичари од основно, средно и високо музичко образование, која преку јавен повик објавен од МММ овозможува учество на ученици и студенти од целата земја. На еден концерт настапуваат повеќе изведувачи или камерни состави, и секој учесник изведува едно дело.


Овој формат на концертна активност е особено значаен за младите музичари, бидејќи им овозможува реална сценска изведба пред публика, што е клучно за нивниот уметнички и професионален развој. Преку учеството тие стекнуваат искуство за сценски настап.

Концертите на „Слободна Среда“ секогаш предизвикуваат голем интерес, со бројни пријави од млади музичари не само од Скопје, туку и од музичките училишта и институции ширум Македонија.

Проектот е поддржан и кофинансиран од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни