Музејот на Современа уметност прославува 60 години постоење

Музејот на Современа уметност годинава го слави својот 60 годишен јубилеј.  По тој повод музејот креираше значајна и интересна програма која започнува со денешното матине во МСУ, а ќе продолжи наредните недели со самостојната изложба на холандскиот уметник Јонас Стаал, потоа со претставување на минатогодишните добитници од Биеналето за млади и со ред други интересни изложби, дебати и разговори.Она што е интересно е што домашната публика за прв пат по 35 години има можност да го види делото на талентираниот уметник Џанфранко Барукело.

 – Џанфранко Барукело е еден од поважните италијански сликари. Тој во исто време е поет, филмски уметник и интригантна појава на уметничката сцена на 20- тиот век. Човек кој во педдестите години на минатиот век иако не е школуван уметник, имал прилика да се запознае со некои од најголемите уметници на епохата, да учи од нив меѓутоа и да донесе иновативни пристапи кои ќе бидат важни во развојот на уметноста, посебно во шеесетите години. Годинава прославата на 60 години од постоењето на МСУ се поклопува со 100 годишнина од раѓањето на овој уметник. За Скопје е особено важно затоа што неговата донација стигнува во време кога се прибираат главните дела како еден прв и многу значен бран во понатамошниот развој на колекцијата на музејот.

Џанфранко Барукело е интригантен и по тоа што комуникацијата со  многу значајни филозофи и музичари ја инкорпорира во еден мултимедијален пристап во размислувањето и компонирањето на делото. Тој размислува за односот меѓу визуелното и вербалното како поет и како ликовен уметник, заинтересиран е за процесите на креација и за процесите на создавање. Така што неговите слики не се во некаква смисла само обични слики, туку се некакви процесни дела. Тој го истражува зачнувањето и развојот, темпото на мислата, односот со јазикот… За нас е исклучително важно што тој донира слика што е создадена  токму 1963година и сметаме дека исклучителна прилика за да публиката повторно ја види – вели Владимир Јанчевски, кустос во МСУ.

Владимир Јанчевски

Колекцијата на дела на овој музеј брои 5.300 дела и застапени се уметници од огромен број на земји во различни техники. Донациите на делата продолжуваат и денес.  Покрај Барукело, на јавноста и се познати и делото на Пикасо, Александар Калдер и редица други уметници  кои од изложбата во Виена во март ќе се преселат во Националната галерија во Прага.

– Се трудиме колку што е можно и колку што дозволуваат условите, делата од колекцијата да бидат на увид на јавноста и никако да не биде тоа на сметка на современата продукција, затоа што музејот е еден од ретките во тоа време што не е создаден како музеј на модерна уметност, туки како музеј на современа уметност, иако јадрото на колекцијата припаѓа на модерната уметност која тогаш била модернистичка и современа. Тоа е еден отворен концепт кој го дозволува растењето на колекцијата и преставува еден вид обврска за сегашниот и за идните тимови на музејот да се грижат и секогаш да ги надополнуваат и компаритраат со тоа што е актуелно и да речеме вредносно во некои врвови- вели Јанчевски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни