Мурињо на чекор до селекторската функција на Португалија

Жозе Мурињо е на чекор до селекторската функција на Португалија. Бенфика подготвува план за негово заминување, а федерацијата го гледа како главен фаворит.

Жозе Мурињо е блиску до остварување на една од своите најголеми професионални амбиции – да стане селектор на фудбалската репрезентација на Португалија. Според медиумски извештаи, искусниот стратег е прв избор за оваа позиција, а одлуката би можела да се реализира веќе следното лето.

Плановите на Португалската фудбалска федерација предвидуваат Мурињо да ја преземе репрезентацијата по завршувањето на Светското првенство во САД. Во меѓувреме, Бенфика веќе размислува за можни решенија во случај на негово заминување, при што како потенцијален наследник се споменува Рубен Аморим.

Мурињо се врати во Португалија во 2025 година и ја презеде Бенфика, каде што тимот моментално се наоѓа меѓу водечките екипи во домашното првенство. И покрај клупските обврски, неговата желба да ја предводи националната селекција никогаш не била тајна, а сега изгледа дека таа цел е поблиску од кога било.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни