Мурињо: Нападите за расизам се неосновани, сите знаат каква личност сум

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо ги отфрли обвинувањата за расизам од таборот на Галатасарај.

– Ме нападнаа за расизам не знаејќи го моето минато. Тие не знаеја за моите врски со Африка, африканските фудбалери и добротворни организации. Сакаа да одат против мене, но тоа се сврте против нив. Сите знаат каква личност сум. Сите знаат за моите недостатоци, но ова не е една од нив. Нападот кон мене за расизам беше лош избор, изјави Мурињо, за „Скај Спортс“.


На 27 февруари Мурињо беше дисквалификуван на четири натпревари поради неговите забелешки против претставниците на Галатасарај (0:0) по натпреварот од 25. коло на турскиот шампионат. Шеесет и двегодишниот фудбалски стручњак изјави дека противниците на клупата „скокаат како мајмуни“. По жалба, забраната на Мурињо е намалена на два натпревара.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни