Мултимедијален настан – „Украина е…“

Изложбата „Украина е…“ претставува кураторски концепт на украинската кураторка која моментално живее во Темишвар, Јана Розбицкаја, кој преку серија фотографии ги претставува најважните карактеристики на современата и традиционалната украинска култура, но ги презентира и придобивките што Украина и украинската култура ги дале на целиот свет

На 19 ти октомври во 19.30 во монтажната галерија во Паркот на франкофонијата, ќе се одржи мултимедијалниот настан – „Украина е…“

,,Настанот има за цел да ја зголеми свеста за состојбите со кои се соочува Украина заради Руската агерисија и на тој начин да придонесе кон ширење на вистините за случувањата во Украина, како и да ја зголеми солидарноста кон милиони украински бегалци раселени низ Европа” велат организаторите.

Мултимедијалниот настан се состои од: изложба, музички дел и дегустација на традиционална украинска храна.

Изложбата „Украина е…“ претставува кураторски концепт на украинската кураторка која моментално живее во Темишвар, Јана Розбицкаја, кој преку серија фотографии ги претставува најважните карактеристики на современата и традиционалната украинска култура, но ги презентира и придобивките што Украина и украинската култура ги дале на целиот свет.

Музичкиот дел е планиран со настап на украинските вокални изведувачи Ана Бречко, Софија Ковалова и Лесја Баженова кои ќе интерпретираат модерна и традиционална украинска музика.

Финално на настанот посетителите ќе имаат можност да дегустираат вкусови и ароми на традиционална украинска храна, домашно приготвена со љубов од украинските бегалци кои се наоѓаат во Романија.

Партнери и организатори на настанот се Центар за современи уметности – Скопје и Здружението LOGS, Темишвар, Романија.

ЦСУ – Скопје е независна културна организација која ја промовира современата уметност и уметничкиот израз во регионот. Основан во 1993 година, се фокусира на поддршка на уметниците, куратори и истражувачите од Северна Македонија и пошироко преку обезбедување платформа за изложби, работилници и други културни настани. Мисијата на центарот е да поттикне дијалог помеѓу различните форми на современа уметност и култура.

Здружението LOGS е грасрут организација со седиште во Темишвар, Романија. Формирана е со цел да обезбеди поддршка на бегалците и мигрантите во регионот. LOGS им помага на поединци и семејства кои ги напуштиле своите матични земји нудејќи хуманитарна помош, правна помош, социјални услуги и програми за интеграција. Организацијата има за цел да им олесни на мигрантите и бегалците од сите националности. Невладината организација „Фаина УА“е регистрирана во Украина во април 2023 година, по една година волонтерска, социјална и интеркултурна работа со украинската заедница во Темишвар, организацијата успева да поврзуе над 1.000 Украинци во егзил, негувајќи ги украинско-романските односи преку културна дипломатија.

„Фаина УА“има за цел да ја обедини украинската заедница, да ја поддржи интеграцијата додека го зачувува украинскиот идентитет и да организира заеднички проекти со локални организации.

,,Уметници и учесници:

Јане Розбицкаја е украинска бегалка која се преселила во Темишвар во март. Таа е неформален лидер на украинската заедница во Темишвар и управува со главниот канал за комуникација за Украинците, телеграмската група „Украинците во Темишвар“, која сега има над 1.000 членови. Помеѓу 2022 и 2023 година, во соработка со локални невладини организации, Јана иницира или учествува во околу 30 културни и социјални проекти насочени кон поддршка на Украинците и засилување на украинскиот глас во Темишвар. Овие напори помогнале украинската заедница да стане видлива за време на програмата „Европски град на културата – Темишвар“.

Флавиус Илиони Лога (39 години) има дипломирано социјална работа и новинарство и ја фокусира својата кариера на интеграцијата на бегалците и сложената реалност околу нив во Романија. Тој спроведува докторски истражувања со Западниот универзитет во Темишвар во врска со интеркултурниот аспект на социјалната интеграција на бегалците. Работи со бегалците од Темишвар веќе 12 години, а од 2017 година го координира Фестивалот за бегалска уметност во Темишвар, единствениот уметнички фестивал со и за бегалците во Источна Европа. Прогласен е за урбан херој од Фондацијата на заедницата Темишвар во 2021 година поради неговата работа со бегалците во Темишвар.

Ана Бречко е Украинка која пребегнала Темишвар, Романија набргу по почетокот на војната во Украина. Таа е архитект-дизајнер, но речиси 2 години работи во Романија како интеркултурен посредник за украинските бегалци во Здружението LOGS. Се бави со музика и ја користи музиката како медуим за промоција и заштита на украинската куклтура. Ана Бречко е победничка на меѓународниот вокален натпревар во Бугарија во 2018 година кога го освојува првото место меѓу 45 учесници. Софија Ковалова е млада музичарка, мајстор на церемонијата и проект менаџер кој доаѓа од Украина. Во февруари 2022 година, поради војната во Украина доаѓа во Романија каде работи во хуманитарни организации кои ги поддржуваат украинските бегалци во Романија. Таа е активен учесник во градските уметнички настани како вокалист и музичар претставувајќи ја украинската заедница пред локалната публика.

Баженова Лесија од Киев, дипломирала на Националниот универзитет во Киев со диплома по економија на трудот и управување со човечки ресурси. Таа живее во Темишвар од почетокот на војната во Украина. Учествувала на многу музички концерти, пеејќи украинска традиционална музика. Пишуваше статии и есеи за украинската култура и традиции.

Иницијативата е дел од проектот „ФАКТИ II – Борба против дезинформациите за Украина во Романија и Македонија“ финансиран од TechSoup и MindHive и имплементиран од Центарот за современи уметности – Скопје и Здружението LOGS, во текот на август – октомври 2024 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни