Мултимедијалната изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“, вчера беше отворена во Europe House Struga.
Изложбата се состои од илустрирани постери и видео анимации, коишто сликовито доловуваат какви сѐ типови податоци оставаме зад нас додека секојдневно користиме интернет.
Посетителите на изложбата имаат можност да дознаат зошто нашите телефонски броеви не се само наши, колку чинат „бесплатните“ апликации, како нѐ профилираат, што сѐ може да дознаат за нас преку секојдневните навики за користење и како функционира индустријата на податоци.
Изложбата ја организираат Delegation of the European Union, Skopje и Македонски институт за медиуми – МИМ / Macedonian Institute for Media – MIM , а сите изложени содржини се осмислени и подготвени од Tactical Tech, меѓународна невладина организација со седиште во Берлин.