МСУ водич и матине со диџеј сет на Дарко Марковски

Утре во 12 часот ќе се одржи настанот МСУ водич и како пропратен настан Матине дружење со диџеј сет на Дарко Марковски.

Со кустосот водич Бојана Јанева посетителите ќе можат да ги погледнат двете новоотворени изложби:

Интернационалната изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“, организирана oд Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ-Скопје, а курирана од Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова и Самостојната изложба „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста“ на Албан Муја. Куратор на поставката е Владимир Јанчевски.

Отворена за посетители е и изложбата „Аквизиции – Донации 2022-2023“. Кураторка на изложбата е Ива Димовски.

Веднаш потоа во 13 часот, како пропратен настан се организира Матине со диџеј сет.

Настанот се реализира со поддршка на пријателите на МСУ – Тиквеш и Heineken

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни