Речиси 58 отсто од девојките и од младите жени доживеале некаква форма на родово базирано насилство во дигиталното опкружување, а најчести жртви се девојчиња на возраст помеѓу 14 и 16 години. Речиси половина од нив наишле на закани со физичко и сексуално насилство. Овие поразителни бројки во светот и кај нас кои ги презентираше невладината организација ”Мрежа Стела”, бараат системски пристап во информирањето, а потоа и во заштитата на жените подложени на овој тип на насилство.
Говорот на омраза според македонскиот Кривичен законик е опфатен во неколку кривични дела, меѓу кои и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од член 394-г од Кривичниот законик, но и во новите кривични дела „Полово вознемирување“ од член 190-а и „Демнење“ од 144-а од Кривичниот законик. Секторот за компјутерски криминал треба да постапува по однос на говор на омраза во онлајн просторот по соодветните кривичните дела од Кривичниот законик.
Самото постоењето на закони е само еден чекор во справување со дигиталното родовово базирано насилиство и последиците кое тоа ги остава. Невладината организација ”Мрежа Стела”, последнава година активно работи на терен низ сите градови во земјава токму на информирање на младите за препознавање на овој тип на насилство, а потоа и на негово пријавување и справување со последиците.
– Се трудиме да имаме децентрализиран пристап во работењето и да градиме мрежи на солидарност надвор од урбаната средина, надвор од центарот на градот, односно директно онаму каде што е потребно. Па така оваа година имавме настани во Тетово, Струга, Валандово, Штип, Крушево и на крај во Скопје. Искуството на терен ни покажува дека има уште многу работа во која активно треба да заземеме сите учество, како граѓани, како институции и како општество.Тоа што ние го забележавме е дека има многу интерес за ова прашање, но мора де се изнајде и дополнителни начини освен конвенционалните за подигнување на свеста. На пример, ако во Валандово зборувавме како од жени за жени да креираме безбедни простори ослободени од насилство во училиштата, институциите, социјалните центр, во Крушево преку ументоста пренесовме порака како може дигиталниот свет да се искористи во насока на активизам и подигнување на свеста помеѓу младите во средните училишта- велат активистките на ”Мрежа Стела”..
Важно е да се зборува јавно и отворено за овој тип на наспилство, за да се создадат безбедни заедници и простори каде ќе се пружи солидарност и поддршка. Со тоа, велат од ”Мрежа Стела”се отвара пат да се излезе од кругот на насилството, а жртвите се охрабруваат меѓу себе дека не се сами и дека можат да изборат, заеднички но и со помош на законската процедура. За жал во нашето општетво се уште преовладува наративот дека жената сама си го барала.
– Ние активно работиме тој наратив “сама си го барала” да биде дел од минатото. За жал, сè уште општеството се фокусира само на жртвата, а не на насилникот. Во дигиталниот просотор тоа станува уште почигледнот бидејќи тука и анонимноста ги крие силеџиите и насилниците. Во обид да се креира некој тип на совршена жртва, сè повеќе се фокусираме на изгледот, карактерот или околностите кога некој кој е нападнат, отколку на насилниците кои одлучиле да го продолжат кругот на насилството – велат активистките од ”Мрежа Стела”.
Она што особено загрижува е фактот што онлајн вознемирувањето може да донесе психички последици за преживеаните, како страв, вознемиреност, несигурност, но и неможност да се излезе од кругот на вознемирувањето. Токму тоа чувство дека не може никој да помогне, дека дигиталното-родово базирано насилство нема да запре бидејќи е зад екранот или дека сторителот нема никогаш да биде најден, носи и чувство на беспомошност и влијае и на самодовербата, објаснуваат нашите соговорнички. Тоа насилство влијае и на секојдневното функционирање на една индивидуа
– Постои голема освестеност во контекст на тоа дека за жал многу жени и девојки имаат преживеано ваков тип на насилство. Меѓутоа не треба прво да се случи насилство за тие да се информираат. Потребен е системски пристап кој едуцира како сооодветно да ги користиме социјалните мрежи, но и како можат да се заштитиме откако ќе се случи дигитално родово-базирано насилство, каде да пријавиме и каде да се обратиме за помош но и како меѓусебно да се охрабриме и бориме. Многу е важно сите да ги препознаваат разните форми на родово-базирано насилство. Токму за таа цел ние и едуциравме на нашите социјални мрежи и на нашите настани за разните форми на насилство што може да се случат во онлајн просторот, како кетфишинг, курвоклетство, дипфејк, кротење (online grooming), фишинг измами итн – велат од ”Мрежа Стела”.
Постојат разни видови на дигитално родово-базирано насилство но сите имаат заедничка нишка, преживеаните од моментот кога почнува дигиталното насилство се чувствуваат исплашени и небезбедни во својата околина. Ова е директно прелевање на дигиталното родово-базирано насилство надвор од екранот бидејќи влијае на самодовербата но и на физичкото и на менталното здравје. Доколку преживеаните трпат закани, навреди, уцени или говор на омраза тогаш стравот и несигурноста само се зголемува и многумина не знаат како да се справат со овој проблем што директно влијае на функционирањето на нивните животи. Несигурноста и чувството на небезбедност се во голема мера присутни кај жените во Македонија. Ретко која жена досега не искусила страв од разни форми на родово-базирано насилство, било да е онлајн или офлајн. Токму затоа работата на невладините како ”Мрежа Стела”се важни во целиот процес на препознавање и заштита од овој тип на наспилство.
– Во тимот на ”Мрежа Стела”сме навистина горди на оваа кампања. Ја земавме одговорноста да ја прошириме кампањата надвор од 16 – те дена активизам, бидејќи длабоко веруваме дека ова е тема која треба да е централна и приоритет во текот на целата година. Дополнително, фокусот ни беше ставен на активности надвор од Скопје, потенцирајќи ја важноста на децентрализацијата на дискусијата околу овие прашања. Сакавме и успеавме во тоа да спроведеме локални настани кои покажаа колку всушност локалните заедници се заинтересирани и имаат што да кажат за оваа тема. Овие диксусии со младите, вработените во локалните самоуправи, професорите, психолозите ни се многу драги и доста посетени па се надеваме дека ќе бидат појдовна точка во нашите следни активности- велат од ”Мрежа Стела”.