Серијал посветен на жените учеснички на 44-тото издание од фестивалот   

„Моќните жени на Манаки“-Кристина Новак

„Моќните жени на Манаки“ е серијал во кој ќе бидат претставени учеснички од изданијата на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ со особен придонес кон филмската индустрија. Тие со нивната посветена, пожртвувана и иновативна ангажираност се носителки на позитивните промени на глобално ниво во филмот и телевизијата и служат како репер за идните генерации на кинематограферки и филмски работнички во останатите сектори, кои ќе имаат придонес во кадрирањето на подобар свет.

ИФФК „Браќа Манаки“ се заложува за зголемување на процентот на жени во сите филмски професии, особено жени кинематограферки, поради што го започнува серијалот посветен на учесничките на 44-тото издание од фестивалот.   

Кристина Новак

Препознаена како мисловен лидер во индустријата, Кристина Новак може да се пофали со широко експертско знаење за филмот, телевизијата и виртуелната продукција, и со соработка со компании како 80six Virtual Production Studios и Anna Valley. 

Преку извонредната работа со реномирани брендови како што се RED Digital Cinema, Ncam и Megapixel VR, Кристина има стекнато репутација на извонредна и иновативна личност. Како основач на New Chapter Production Ltd и коосновач на Women in Virtual Production, Кристина продолжува да ја обликува иднината на забавната индустрија со својот силен талент за носење стратешки одлуки и спроведување на пионерски иницијативи. Таа има искуство на различни позиции меѓу кои и како претставник на Обединетото Кралство во Одборот на Друштвото на филмски и телевизиски инженери, член на BAFTA Connect, пријател на Здружението на камермани и амбасадор на Cinegirl. 

Најново

Последни колумни