Можен ли е крај на војната во Украина?

Зеленски веќе изјави дека е подготвен да преговара со Владимир Путин. Тој нагласи дека не е против таков развој на настаните ако тоа е единствената опција која ќе донесе мир за граѓаните на Украина и не ќе им се изгубат животите

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека преговорите со Русија се можни, но само со безбедносни гаранции од САД и Европа.


„Можни се преговори на Украина и Русија. Меѓутоа, важно е да се обезбедат безбедносни гаранции од западните партнери“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во интервју за британската телевизија ITV News.


Зеленски рече дека би бил подготвен за било кој формат на преговори со Русија ако има јасно разбирање дека САД и Европа нема да ја напуштат Украина.

„Кога би имал разбирање дека Америка и Европа нема да не напуштат, а дека ќе нè поддржат и ќе ни дадат безбедносни гаранции, би бил подготвен за секој формат на преговори“, нагласи Зеленски.

Претседателот на Украина претходно во истото интервју нагласил дека е можно завршување на војната помеѓу Русија и Украина во 2025 година.

Зеленски веќе изјави дека е подготвен да преговара со Владимир Путин. Тогаш нагласи дека не е против таков развој на настаните ако тоа е единствената опција која ќе донесе мир за граѓаните на Украина и не ќе им се изгубат животите.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал телефонски разговор со рускиот лидер Владимир Путин. Американскиот лидер сакал да се обиде да преговара со лидерот на Кремљ за завршување на војната на Русија со Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни