МОН отвори дополнителен рок за субвенциониран студентски оброк

Студентите може да аплицираат електронски до 16 ноември 2025.

Министерството за образование и наука (МОН) објави дека воведува дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк за студентите кои не успеаја да аплицираат во редовниот термин од 1 до 5 ноември. Новиот рок трае од денеска до 16 ноември 2025 година и е достапен за сите студенти што ги исполнуваат условите.

Пријавувањето се врши електронски преку платформата e-uslugi.mon.gov.mk.

За успешна апликација, кандидатите треба да ги пополнат двата потребни електронски обрасци:
– Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк
– Изјава за точност на внесените податоци

Двата документа треба да бидат потпишани и прикачени во системот како дел од апликацијата.

Од МОН информираат дека студентите што ќе го остварат правото ќе ги добијат средствата во месецот што следува по завршување на месецот на пријавување. Тоа значи дека апликантите од ноемврискиот рок ќе започнат со добивање на средствата во декември.

За сите прашања поврзани со процесот на пријавување, МОН обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард на e-адресата: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни