Во рамките на својата мултимедијална програма фестивалот „Скопско лето“ во своето 44-то издание оваа година отстапи простор и за годишната модна ревија на Институтот за мода Изет Цури која ќе се одржи во петок на 30 јуни во НОБ.
Ревијата насловена како „Ангел на ексцентричноста“ е во продукција на Снежана Богдановска – Сани, а специјални гости учесници се Изет Цури, Никола Ефтимов, Доминик Брунет, Игор Марков и други.
Режијата е на Анастасија Стејси Марш Богдановска.
Муглер, по Скјапарели во 20-тите години, ќе се запише во аналите на светската мода како најголемиот авандгардист кој ги направи најдобрите костими,го создаде најпродаваниот парфем и го режираше најмодниот музички спот на 20-тиот век. И токму како такво наследство, вредно за изучување и богато за поттикнување, Изет Цури кој ќе работи со него цела декада ќе го избере како менторска тема под која студентите во неговиот институт ќе творат свои модели за завршната студентска изложба во 2023 година – „Омаж на ангелот на ексцентричноста“.
Во гламурозната модна ревија ќе бидат прикажани триесетина креации од студентите од сите студенски години но и од веќе етаблирани завршени студенти како и од самите професори.
Подржувачи на настанот се: Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“, Француската Амбасада во Северна Македонија, Францускиот институт во Скопје и Oпштина Чаир.