Модерната автомобилска технологија не ја „гледа“ рефлектирачката облека

Облеката дизајнирана да биде видлива во сообраќајот и рефлектирачката лента може да ги направи пешаците и велосипедистите невидливи за модерната автомобилска технологија, сугерира новата студија.

Системите за автоматско итно сопирање (AEB), кои се инсталирани во сите нови автомобили, автоматски ги активираат сопирачките доколку се открие потенцијален судир и возачот не реагира доволно брзо.

Студијата на американскиот Институт за безбедност на автопатите (IIHS) покажа дека системите би можеле да имаат „слепа точка“ за рефлектирачки ознаки.

Истражувачите спроведоа експерименти со кукла за тест за судар и три автомобили кои патуваа со 40 km/h: Honda CR-V, Mazda CX-5 и Subaru Forester.

На тестовите, Хонда и Мазда удриле во кукла кога носела рефлектирачки ленти. Хондата не успеа да забави дури и кога куклата носела јакна со голема видливост.

Субару успораувал на сите тестови, освен кога куклата носела рефлектирачки ленти при многу слаба осветленост.

„Овие резултати сугерираат дека некои производители на автомобили треба да ги прилагодат своите системи за автоматско сопирање за итни случаи за пешаците“, рече претседателот на IIHS, Дејвид Харки.

„Неодржливо е облеката што ја носат пешаците, велосипедистите и работниците на патиштата за да останат безбедни да ги отежне препознавањето за технологијата за избегнување судир. Тоа е загрижувачка слепа точка“, истакна тој.

„Движечките рефлектирачки ленти на зглобовите и нозете и ракавите на јакните им овозможуваат на возачите брзо да препознаат таков модел на движење како личност. За жал, ‘движењето’ на рефлектирачките ленти го немаше истиот ефект за пешачките AEB системи што ги тестиравме и веројатно ги збуниле нивните сензори“, објасни авторот на студијата Дејвид Кид.

Мазда во соопштението рече дека безбедноста на патиштата за сите, вклучително и оние во и околу возилата е врвен приоритет за компанијата.

„Нашите инженери континуирано работат на подобрување на системите за избегнување судир на Мазда и веќе ги користат овие најнови резултати од IIHS за дополнително да ни помогнат во оваа работа, со посебен фокус на сценаријата за пешаци ноќе.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни