Итно предупредување од МНР до Македонските граѓани: Засолниште во темници, нема летови од Израел – побарајте помош од Амбасадата ако е потребно

МНР апелира до македонските граѓани во Израел да побараат засолниште и да не патуваат во регионот. Воздушниот простор е затворен.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, заедно со Амбасадата на Македонија во Тел Авив, издадоа итен апел до македонските граѓани кои се наоѓаат во Израел поради влошената безбедносна состојба.

Од МНР ги повикуваат граѓаните внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат според упатствата на надлежните институции. Воедно, се препорачува обезбедување залихи од основни намирници и престој во сигурни зони и засолништа.

„Апелираме до сите наши граѓани да се воздржат од патување во земјите од овој регион додека не се стабилизира безбедносната состојба“, соопшти Министерството.

Според информациите од Амбасадата во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови до понатамошно известување. Сите комерцијални летови – и влезни и излезни – се суспендирани, без конкретна најава за обновување на редовниот авионски сообраќај.

Министерството ги потсетува македонските државјани дека доколку им е потребна помош, можат да се обратат на следните контакти:

Амбасада на Македонија во Тел Авив:
Телефон: +972 54 500 8566
Телефон: +972 54 967 0546
Е-пошта: telaviv@mfa.gov.mk

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Телефон: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни