МНР интензивно работи на евакуација на македонските државјани од погодените региони на Блискиот Исто

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека се преземаат сите активности за безбедно и навремено враќање на македонските државјани од Израел, ОАЕ и други погодени подрачја, со користење комерцијални летови или владина поддршка

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја на Блискиот Исток, вклучително и од Обединетите Арапски Емирати.

Во моментов се изработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење на комерцијални летови и по потреба, со владиниот авион. За Обединетите Арапски Емирати и Катар се разгледува можност за ангажирање на комерцијален или чартер-лет, во зависност од безбедносните и логистички услови.

Во изминатиот период, преку дипломатско-конзуларните претставништва, е асистирано при безбедното извлекување на едно лице од Иран – македонски фудбалер, кој преку Турција се врати во Република Северна Македонија. Дополнително, шест македонски државјани од Израел веќе имаат обезбедено авионски билети од Египет кон Скопје, при што Министерството активно ја координираше нивната евакуација.

Министерството нагласува дека безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Во директна комуникација со пријателски земји и партнери, како и преку дипломатско-конзуларните претставништва, се преземаат сите неопходни активности за нивно безбедно и навремено враќање во државата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни