Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупредува дека актуелниот конфликт на Блискиот Исток претставува сериозен „шок на понудата“ кој веќе влијае врз глобалниот економски раст. Според генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, дури и во најоптимистичко сценарио, светската економија ќе се соочи со забавување поради нарушени синџири на снабдување, зголемени цени на енергија и пад на довербата на пазарите.
Пониски прогнози за раст и поголема инфлација
ММФ најави дека во новиот извештај „World Economic Outlook“ ќе претстави три сценарија за глобалниот раст, но во сите се очекува послаба економска активност од претходно прогнозираното. Исто така, се очекува зголемување на инфлацијата и зголемена неизвесност на финансиските пазари.
На пролетната седница на ММФ и Светска банка, која трае до 18 април, ќе учествуваат гувернери на централни банки, министри за финансии, експерти и претставници од приватниот сектор.
Главни теми на дискусија се геополитички ризици и енергетска нестабилност, влијанието на вештачката интелигенција врз економијата, климатски инвестиции и зелена транзиција и реформи на меѓународните финансиски институции
Експертите предупредуваат дека комбинацијата од воени конфликти, високи цени на енергија и технолошки трансформации создава нова и понестабилна фаза на светската економија, каде ризиците од инфлација и забавен раст остануваат високи.