Нова регионална младинска иницијатива за заштита на биолошката разновидност стартува денеска, со онлајн настан за воспоставување на Глобалната мрежа на млади за биодиверзитет за Западен Балкан, GYBN Western Balkans.
Од Македонското еколошко друштво ги повикаа младите еколози, активисти и истражувачи да се вклучат на настанот, кој ќе се одржи денеска од 11 часот. Целта на иницијативата е да ги обедини младите од регионот во заеднички напори за зачувување на биолошката разновидност и да го засили нивното учество во креирањето политики за заштита на природата.
Според организаторите, настанот претставува важен чекор кон јакнење на регионалната соработка и кон поголемо вклучување на младите во процесите поврзани со Конвенцијата за биолошка разновидност. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со целите на GYBN, претстојните активности, можностите за вмрежување, како и со значењето од воспоставувањето на GYBN Western Balkans.
За повеќе информации за приклучување кон иницијативата, заинтересираните може да се обратат кај координаторката на Секцијата за млади еколози, Марија Чобанова, која воедно е и национален координатор на GYBN Western Balkans.
На онлајн настанот може да се приклучите на следниот линк.