„Сообраќајот сега функционира нормално. Полицијата постапуваше професионално. Уапсени се повеќе лица поради навредување и напади врз полицијата, како и нарушување на јавниот ред и мир. Едно полициско возило беше оштетено од страна на учесници во блокадите“, се вели во соопштението.
Да потсетиме, синоќа студентски групи и граѓани кои ги поддржуваат блокираа важни раскрсници, мостови и улици во Белград, како и во повеќе други градови низ Србија.
Од раните утрински часови, полицијата започна со расчистување на блокадите на неколку локации низ главниот град. Во Нови Сад, пак, демонстрантите се повлекоа синоќа, но најавуваат нови собирања.
Според извештаите, сообраќајот низ Белград постепено се нормализира.