Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање проект од национален интерес – манифестацијата „Град на културата во 2024 година“.

Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на националниот портал за е-услуги „https://uslugi.gov.mk“, почнувајќи од денеска во 8:00 часот, заклучно со 29 декември 2023 година во 23:55 часот.

Од Миинстерството соопштија дека на конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во Северна Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во Градот Скопје.

Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе може да ги најдат на веб-страницата „https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx“, како и преку контакт-центарот на националниот портал за е-услуги.

„Еден од приоритетите на Министерството за култура е унапредувањето и достапноста на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините низ државава“, велат од Министерството.

„Град на културата“ во 2023 година беше Крушево, чија комплексна и содржајна програма се одвиваше под мотото „Крушево – жив споменик на културата“. Општина Крушево, во годината кога се одбележа и 120 години од Илинденското востание, пулсираше во ритамот на македонската култура и го промовираше македонскиот идентитет и посебност.

Извор: mia.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни