Мини Морис- најпопуларниот англиски автомобил на сите времиња

Британската моторна компанија (British Motor Corporation), го претстави пред новинарите легендарниот мал автомобил Morris Mini-Minor, во 1969 и од тогаш тој влезе во историјата како Mini.

Mini стана еден од симболите на 60-тите и најпопуларниот англиски автомобил на сите времиња, а неговото влијание врз начинот на кој се дизајнираат помалите, градски автомобили не може да се измери.

Дизајниран е од Алек Исигонис, британски инженер со грчко-германско потекло, роден во Измир, кој ја доби титулата Сер за неговото достигнување. Исигонис успеа да создаде простор за четири лица и багаж од 11 литри во мала кутија, долга 305, широка 140 и висока 135 см.

Тајната на неверојатната просторност на малиот автомобил е во концептот.

Британија, а потоа и светот, добија автомобил со многу простор внатре, и минимални димензии однадвор, со седишта за четири патници, заедно со беспрекорни возни карактеристики, економичност во потрошувачката на гориво и поволна цена.

Мини се произведува сè до 2000 година во повеќе од 10 земји, на четири континенти: Европа, Африка, Австралија и Јужна Америка. Во 1994 година марката Мини е купена од БМВ и ставена под „клуч“.

Требало да минат седум години за Мини повторно да го здогледа светлото на денот овој пат во ново издание.

Покрај неповторливиот дизајн Мини бил и трикратен шампион на релито Монте Карло, во 1964, 1965 и 1967. И во 1966 МИНИ стигнува прв на целта на истоименото рели, но под сомнителни судски образложенија е дисквалификуван.

Денес моделот Мини претставува „имиџ“ автомобил и сè уште ја држи славата стекната со децении наназад.

Мини во истовреме е автомобил на обичните улици и на рели натпреварите. Тоа е автомобил со кој се секогаш се истакнувала индивидуалноста на сопственикот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни