Корисниците на TikTok се воодушевени од идејата на една мајка која решила да го забавува својот син на необичен начин. Имено, жената врзала балони за рацете и нозете на момчето, а како што тој ги движел нозете и рацете, така се мрдали и балоните со хелиум.
Слаткото видео досега е прегледано повеќе од 11 милиони пати, а луѓето во коментарите напишале дека идејата е одлична и дека им е жал што самите не помислиле на тоа.
Извор: ТикТок