Милениците на арапски шеик

Шеикот Хумајд Абдула Албукаиш од Дубаи стекна голема популарност на социјалните мрежи благодарение на своите необични миленици.

Чува тигри, лавови, гепарди, змии, волци, па дури и мечки како домашни миленици.

Скоро секој ден на својот Инстаграм профил, каде што го следат повеќе од четири милиони луѓе, Хумајд објавува фотографии и видеа од своите егзотични миленици.

Овој милионер без никаков страв им ги става рацете во устата на своите миленици, си игра со нив, се „тепа“, ги вози во скапи автомобили и јахти.

Многумина во коментарите го критикуваат за неговото необично хоби и му пишуваат дека неговите животни заслужуваат живот во дивината, но се чини дека тоа не допира до Хумајд.

Извор: n1info.rs

Најново

Последни колумни