Микрофестивал Бостание: Градини на заедништвото

Оваа сабота градината во Бостание ќе оживее со ново издание на микрофестивалот насловен „Градини на заедништвото“. Настанот стартува во 14 часот и ќе трае до доцна навечер, комбинирајќи едукација, забава и култура на едно место.

Образовни и креативни активности

Фестивалот ќе започне со изложбата „Мала архитектура во природа“ од Студио 3 при Архитектонскиот факултет – Скопје. По прошетката низ градината, најмладите ќе имаат можност да слушнат градинарски приказни во рамките на програмата „Мама(ми)чита“.

Од 15.30 часот следуваат серија работилници: креативно рециклирање, слатки зачини во градинарството, компостен чај според методот на д-р Илејн Ингам, како и печат со Партизанска штампа.

Во истото време (15.00–18.00 ч.), шефот Марк со свои ученици ќе води кулинарска авантура – подготовка на јадења инспирирани од плодовите на самата градина.

фото Кирил Шентевски

Музика во градината

Музичкиот дел ќе стартува со Ishjan Twin, а ќе продолжи со Eyes of Wonder, Чалгија Sound System, Јордан Костов квартет и ќе заврши со настап на Vico од StereoHemia Records.

За сите генерации

Фестивалот е поддржан од International Visegrad Fund и е отворен за сите – од љубители на градинарството и екологијата, до семејства и млади што сакаат уметност и добра музика.

Влезот е бесплатен, а посетителите ќе можат да учествуваат во работилниците, да пробаат вкусна градинарска храна и да уживаат во атмосферата на заедништво.

.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни