Би-Би-Си објави дека познатиот реалити актер користел јазик и однесување кое се сметало за заканувачко и агресивно кон својот цимер Крис Хјуз, но дека немало физичка пресметка меѓу двајцата.
Пред само неколку дена, продуцентите на „Големиот брат“ го предупредија Рурк за „неприфатлива комуникација и однесување“ кон другата соучесничка во шоуто, ЏоЏо Сива. Сива го обвини актерот дека е „хомофоб“ затоа што ѝ рекол дека „наскоро ќе ја исфрли таа лезбејка од шоуто“, а имало и други непримерни коментари за нејзината сексуалност.
Крис Хјуз (32), ѕвезда на британското реално шоу Love Island, се обиде да ја утеши Сива (21) во епизодата емитувана во средата по коментарите на Рурк.
„Мики Рурк се согласи да ја напушти куќата вечерва откако разговараше со Големиот брат за неговата повеќекратна употреба на несоодветен јазик и неприфатливо однесување“, објави телевизијата.
Некогашната филмска ѕвезда номинирана за Оскар влезе во реалното шоу на ITV во понеделникот заедно со уште 12 познати личности.
По разговорот полн со навреди кон Сива, Големиот брат го покани актерот во посебна просторија каде што беше информиран дека неговата комуникација е навредлива и неприфатлива, поради што доби и официјално предупредување. Рурк се извини за своето однесување.
„Немам нечесни намери – само зборувам без врска, знаете. Не го сфатив сето тоа толку сериозно. Немав лоши намери, а ако имав, извинете“, рече тој.