Претходно, и францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц изјавија дека поддржуваат распоредувањето мировни сили во Украина по завршувањето на војната, како дел од така наречената Коалиција на подготвените.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска во Киев истакна дека сојузниците на Алијансата и Украина заедно работат на безбедносните гаранции за Киев, за да бидат сигурни дека Русија нема повторно да нападне.
Солидни безбедносни гаранции ќе бидат од суштинско значење и во моментот работиме на тоа, посочи Руте.