Михај Греча, преживеан од пожарот во „Колектив“, нуди помош на жртвите од пожарот во „Пулс“ во Кочани

Михај Греча, еден од преживеаните од трагичниот пожар во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт, понуди помош и поддршка на повредените и нивните блиски по смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Северна Македонија. Греча објави отворено писмо на Фејсбук, изразувајќи солидарност со жртвите и давајќи практични совети за лекување на изгорениците.

Во писмото, Греча посочува дека најкритичниот период за безбеден транспорт на лица со изгореници е од 48 до 72 часа, и дека е од витално значење тие да бидат прегледани од специјализирани лекари, бидејќи тоа директно влијае на нивната шанса за преживување. Тој истакнува дека по неговото искуство, здравствениот систем во Романија не бил подготвен за вакви трагедии, што може да се случи и во Македонија.


Михај Греча и другите преживеани од „Колектив“ понудиле помош преку Европскиот механизам за цивилна заштита, и исто така истакнале кои се најдобрите клиники и методи за рехабилитација на изгореници во Европа. Според него, Македонија треба да има во предвид дека иако Романија постигнала напредок во лекувањето на изгореници, се уште нема доволно специјализирани болници за тешки случаи.

Греча изразува желба да ги сподели своето искуство и да им помогне на оние кои сега се во исклучително тешка ситуација, исто како што и тој добил поддршка по трагедијата во 2015 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни