Мигранти од Централна Азија, од кои 131 нелегално престојувале во САД, се депортирани во Узбекистан како дел од договорот меѓу двете земји, објави денес „Фокс њуз“, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешна безбедност.
Депортираните лица се од Узбекистан, Киргистан и Казахстан, објави американската телевизија.
Во извештајот се додава дека тие денес заминале со чартер лет од САД.
Говорејќи за депортацијата на мигранти од САД, Трамп во интервју за американскиот весник „Тајм“ по повод 100-те дена од неговата администрација рече дека тоа морало да се случи бидејќи претходниот американски претседател, Џозеф Бајден, им дозволил на луѓе кои не требало да влезат во земјата да влезат и дека „некои земји целосно го испразниле својот затворски систем“, а тие луѓе потоа биле „донесени“ во САД.