Меѓународната агенција за атомска енергија свика итен состанок за утре

Држави ширум светот повикуваат на претпазливост и враќање кон дипломатијата по најновите случувања.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) свика итен состанок за утре поради новата ескалација во Иран.

„Поради итната ситуација во Иран, свикувам итен состанок на Управниот одбор на МААЕ за утре“, напиша на платформата Икс (X) директорот на агенцијата, Рафаел Гроси.

Држави ширум светот повикуваат на претпазливост и враќање кон дипломатијата по најновите случувања.

САД утринава се директно вклучија во конфликтот меѓу Иран и Израел, соопштувајќи дека погодиле три нуклеарни постројки во Иран.

Пред девет дена, Израел започна напад врз Иран со цел да го уништи неговиот нуклеарен програм.

Како што беше претходно објавено, Иран и МААЕ информираа дека нема непосредни знаци на радиоактивна контаминација на трите локации по нападите, пренесува Танјуг.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни