Мета се уште го нема потпишано Пактот на ЕУ за вештачка интелигенција

Иако повеќе од 100 компании, меѓу кои се и Гугл и Мајкрософт, го потпишаа Пактот на ЕУ за вештачка интелигенција, компанијата која стои зад најголемите светски платформи за социјални мрежи, Мета не го потпиша договорот.
Фото: Anthony Quintano/Flickr

Потписниците се обврзаа на активности како што се мапирање на високоризични системи за вештачка интелигенција и обука на персоналот, а повеќе од половина од нив ветија дополнителни чекори: човечки надзор над вештачката интелигенција, намалување на ризикот или јасно означување на одредени содржини генерирани од вештачка интелигенција, како што се ултра реалистични лажни видеа („deepfakes“).

Мета сè уште го нема потпишано Пактот за вештачка интелигенција, но портпаролот на компанијата рече дека тие се фокусирани на спроведување на законите за вештачка интелигенција. Сепак, моделот на Мета со вештачка интелигенција „Llama“ може да претставува проблем, бидејќи содржи отворен код кој може слободно да се користи без голема контрола од развивачите, што може да ја комплицира проценката на ризикот.

Минатата година, Европската комисија ги повика компаниите доброволно да се посветат на безбедно и доверливо користење на вештачката интелигенција, предвидувајќи целосна имплементација на новото европско законодавство до 2027 година, пишува The Brussels Times. Весникот потсетува дека овој закон е во сила од август, но неговите одредби постепено ќе се применуваат во наредниот период.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни