Мерил Стрип со децении е позната како една од најголемите актерки во историјата на Холивуд, со кариера за која многумина можат само да сонуваат.
Таа зад себе има 21 номинација и три Оскари, а речиси секој филм во кој се појавува автоматски добива дополнителна доза на престиж, објавува Index.hr.
Но, иако изгледа самоуверено и бестрашно, Стрип еднаш призна дека еден проект особено ја исплашил – и тоа поради луѓето со кои работела.
Актерката откри дека била „преплашена“ од соработката со Том Хенкс и Стивен Спилберг на филмот од 2017 година „The Post“.
„Стивен не се снаоѓа, што беше целосно застрашувачко и дестабилизирачко за мене“, рече Стрип во интервју за „Џакарта пост“, според списанието „Фар аут“ . Хенкс, кој претходно работеше со Спилберг на „Спасувањето на војникот Рајан“, „Фати ме ако можеш“ и „Терминалот“, беше, вели Стрип, „целосно подготвен“ за овој пристап.
Таа додаде дека Хенкс ретко прави грешки.
„Том никогаш не правеше грешка, секогаш беше целосно подготвен, точен и фокусиран. Тоа ме тераше да работам понапорно, како да морав да правам склекови пред да дојдам на снимање.“
И покрај првичните загрижености, таа на крајот го опиша искуството како исклучително позитивно.
„Беше одлично да се работи со нив. Бевме одличен тим со многу малку време за снимање, но Стивен е неверојатен режисер – никогаш не сум работела со некој што има толку интуитивно чувство за визуелно раскажување приказни“, сподели актерката.