Мерц предупредува: Европа ја чека економски удар посилен од ковидот

Според Мерц, поширок регионален конфликт околу Иран би можел да ја оптовари Европа повеќе отколку пандемијата и почетокот на војната во Украина.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во понеделникот во Берлин предупреди дека ескалација на војната со Иран во поширок регионален конфликт може да ја оптовари Германија и Европа повеќе отколку ковид-пандемијата или првичниот шок по руската инвазија врз Украина. Тој порача дека долготрајниот спор околу иранската нуклеарна програма не може да се реши само со воени средства и дека Берлин ќе бара дипломатски пат за завршување на конфликтот.

Предупредувањето доаѓа во момент кога економските сигнали низ Европа веќе се влошуваат. Германската инфлација во март се искачи на 2,8 проценти, пред сè поради растот на енергетските трошоци, а петте водечки германски економски институти, ја намалиле прогнозата за економски раст на земјата за 2026 година од 1,3 на 0,6 проценти поради ефектите од војната и поскапувањето на енергијата.

И на ниво на Европската Унија расте загриженоста. Енергетските министри на ЕУ веќе бараат координиран одговор, откако цените на гасот во Европа скокнаа за повеќе од 70 проценти, а стравувањата од нарушено снабдување со рафинирани нафтени деривати стануваат сè посериозни.

Паралелно со тоа, финансиските пазари покажуваат дека инвеститорите сè повеќе се подготвуваат за подолга нестабилност. Морган Стенли ги намали препораките за глобалните акции поради ризиците од конфликтот, а Reuters објави и дека доларот јакне како засолниште додека пазарите стравуваат од рецесија, повисока инфлација и долготрајно скапа нафта.

Мерц и претходно предупреди дека германските јавни финансии не можат целосно да ги амортизираат сите поскапувања предизвикани од војната со Иран, што значи дека Берлин веќе признава дека економскиот притисок ќе се чувствува и кај домаќинствата и кај индустријата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни