Мексиканска инфлуенсерка убиена за време на пренос во живо од својот салон

„Во 2022 година, во Мексико беа убиени приближно 4000 жени – што претставува 12% од сите убиства“, изјави Хуанита Гобертус, директорка на Human Rights Watch за Америка.

23-годишна инфлуенсерка од Мексико, беше брутално убиена додека снимаше лајвстрим на TikTok од својот салон за убавина во градот Запопан.

Според сведоштвата и извештајот на CNN, Маркез се обраќала на своите следбеници кога некој ѝ донел мал пакет. Радосно го отворила со зборовите: „Тоа е мало прасенце!“, покажувајќи им ја плишаната играчка на гледачите и насмевнато ја забрчила својата долга руса коса.

Само неколку секунди подоцна, таа паднала мртва на столот, додека крвта се слевала по масата. Преносот во живо продолжил да се емитува сè додека некој не го презел нејзиниот телефон и ја прекинал снимката.

Според државното обвинителство на сојузната држава Халиско, сторителот бил маж кој насилно влегол во салонот и ја застрелал Маркез. Надлежните органи водат истрага под сомнение за фемицид – убиство извршено врз жена поради нејзиниот пол

Смртта на младата инфлуенсерка со над 100.000 следбеници на Instagram предизвика шок и гнев низ цел Мексико – земја која со години се соочува со висока стапка на насилство врз жени.

Само неколку дена претходно, Јесенија Лара Гутиерез беше убиена заедно со уште тројца луѓе за време на оружен напад на предизборен собир, кој исто така беше пренесуван во живо.

Иако не секое убиство на жена е официјално признато како фемицид, голем број случаи се класифицирани токму така. Според Amnesty International, во 2020 година една четвртина од сите убиства на жени во Мексико биле заведени како фемицид. Во 2024 година, забележани се 847 случаи на фемицид. Во првите три месеци од 2025 година – веќе 162 случаи

Сите 32 мексикански сојузни држави имаат регистрирани случаи на фемицид, што укажува на сериозноста на проблемот во целата земја.

Организациите за човекови права постојано предупредуваат дека мексиканските власти реагираат бавно и неефикасно на овие злосторства. Многу мал број случаи завршуваат со пресуда.

„Во 2022 година, во Мексико беа убиени приближно 4000 жени – што претставува 12% од сите убиства“, изјави Хуанита Гобертус, директорка на Human Rights Watch за Америка.
„Но само 67% од тие случаи завршија со правосилна судска одлука.“

Според Гобертус, најголем предизвик е да се зајакнат институциите во истрагата, како и во заштитата на сведоците и жртвите.

Убиството на Валерија Маркез е уште еден трагичен пример за опасностите со кои се соочуваат жените во Мексико. Но и аларм за потребата од итна и суштинска институционална промена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни