Меѓународната енергетска агенцијаупати десет итни препораки до земјите-членки со цел да се ублажи растот на цените на нафтата и можните недостиг на енергенси предизвикани од конфликтот меѓу САД и Израел со Иран. Мерките имаат за цел да ги подготват економиите за потенцијални нарушувања во снабдувањето.
Меѓу клучните препораки се работа од дома кога тоа е возможно, намалување на брзината на автопатите за најмалку 10 км/ч, како и поттикнување на јавен превоз и споделување возила. Се предлага и воведување на ротациски систем за ограничување на сообраќајот во големите градови според регистарските таблички.
Агенцијата препорачува и поефикасно користење на комерцијалните возила, оптимизација на товарот, редовно одржување на возилата, како и намалување на употребата на течен нафтен гас (LPG) во транспортот за да се зачува за готвење и индустриски потреби. Дополнително се предлага намалување на авионскиот сообраќај каде што е можно и премин кон електрично готвење и алтернативни извори на енергија.
Директорот на Фејт Бирол предупредува дека без брзо решавање на конфликтот во Иран, последиците врз глобалните енергетски пазари и економиите би можеле да стануваат сè потешки. Според него, предложените мерки се превентивен одговор на можни долгорочни нарушувања во снабдувањето.
Целта на препораките е да се намали потрошувачката на гориво и да се обезбеди стабилност на пазарите, додека земји како Велика Британија и САД веќе разгледуваат дополнителни мерки за зачувување на резервите и одржување на снабдувањето. Исто така, Австралија е меѓу државите што размислуваат за слични чекори.
Со оглед на ескалацијата на геополитичките тензии, експертите предупредуваат дека ваквите препораки може да станат дел од поширока стратегија за справување со енергетски кризи на глобално ниво.