Медицински техничар во Германија осуден на доживотен затвор за убиство на најмалку 10 пациенти

Во судски процес кој го потресе германското здравство, поранешен медицински техничар доби казна доживотен затвор за убиство на десет пациенти и обид за убиство на 27 други, со цел да има „помирни“ ноќни смени.

Во Германија, поранешниот 44-годишен медицински техничар Улрих С. беше осуден на доживотна казна затвор поради убиство на најмалку десет пациенти и обид за убиство на 27 лица. Пресудата ја донесе Окружниот суд во Аахен, кој утврди дека има особена тежина на вината, што практично ја исклучува можноста за рано ослободување.

Злосторствата се случиле во текот на 2023. и 2024. година во болницата во Вурселен, каде тој бил вработен. Обвинителството тврди дека тој давал силни седативи како лекови на стари пациенти кои барале поголема нега, со цел да ги „смири“ и да има полесна ноќна смена.

Иако првично беше обвинет за девет убиства и 34 обиди, судот додаде уште едно дело, оценувајќи дека се работи за умислено убиство. Обвинителите во Аахен најавија можност за дополнителна обвинителна постапка, бидејќи постојат основани сомневања дека можеби има уште жртви.

Овој случај е дел од покрупните афери во германското здравство, според кои лекари и медицински работници биле обвинети за убиство на пациенти заради лични или системски мотиви — најпознат до сега е случајот на Нилс Хогел, кој беше осуден за 85 убиства.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни