Медот има многу придобивки за организмот, особено кога се користи како алтернатива на шеќерот.
Зошто треба почесто да консумирате мед?
Тој може да ја подобри контролата на шеќерот во крвта и да го намали нивото на холестерол според неодамнешните истражувања.
„Овие резултати се изненадувачки бидејќи медот содржи околу 80% шеќер. Не велиме дека треба да почнете да јадете мед ако избегнувате шеќер туку повеќе се работи за замена. Ако користите шеќер, сируп или друг засладувач, заменувањето на тие шеќери со мед може значително да го подобри здравјето“, објаснува Таусиф Кан, истражувач и вонреден професор по нутриционистички науки на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Торонто.
Истражувачите откриле и дека консумирањето мед може значително да го намали нивото на гликоза во крвта, холестеролот и триглицеридите.
Исто така, тие истакнуваат дека постои разлика помеѓу преработен и суров мед кога станува збор за здравствените придобивки. Конвенционалната обработка на мед вклучува процедување и филтрирање, а потоа загревање за краток временски период, што го оштетува медот и уништува дел од неговите биоактивни соединенија.
Кан им препорачува на луѓето да додадат мед во нивната исхрана ако уживаат во вкусот и сакаат да додадат разновидност во нивната исхрана. Тој исто така истакна дека луѓето можат да експериментираат со замена на шеќер со мед, но треба да имаат на ум дека медот има посладок вкус, па затоа се потребни помали количини.
Извор: danas.rs