Одлуката е дел од стратегијата на Мерцедес за намалување на трошоците и обезбедување финансиска стабилност. Со оваа мерка, компанијата очекува да заштеди пет милијарди евра, средства кои ќе бидат пренасочени кон развој на електрични возила и напредни технологии за мотори со внатрешно согорување.
Причини за големите откази
Главните причини за реструктурирањето се намалениот број нарачки и бавната адаптација кон новите пазарни трендови. Дополнително, компанијата најави: Скратување на бонусите за вработените, Затворање на работни позиции без нивно пополнување и Продажба на одредени фабрики и производствени капацитети
Меѓу потенцијалните објекти за продажба се фабриката за доставни возила во Аргентина, каде што моментално работат 2.000 луѓе.
Мерцедес соочен со предизвици во автоиндустријата
Кризата во германската автомобилска индустрија веќе ги погоди и другите големи производители. Претходно, Фолксваген најави затворање на повеќе фабрики и отпуштање на над 30.000 вработени.
Соочени со глобалната трансформација во автоиндустријата, европските производители настојуваат да останат конкурентни преку инвестиции во електрични возила и одржливи технологии, но сето тоа доаѓа со значителни трошоци.
Како ќе влијаат овие мерки на долгорочната позиција на Мерцедес и дали компанијата ќе успее да ги надмине економските предизвици, останува да се види во наредните години.