Во Колорадо, сојузната американска држава, мечка упадна на кат од куќа и ги изеде кременадлите. Се појави видео од оваа несекојдневна случка.
Сопственикот на куќата не бил дома во моментот кога ова се случило, а минувач од безбедно растојание ја снимал мечката додека чекал помош од стручните служби.
Сопственикот на куќата Рајан Мекфарлејн изјави за Fox31 дека бил на работа кога дознал дека мечката упаднала во неговиот дом.
„Ја искористи храната што ја подготвив за вечера, изела неколку кременадли. Собори неколку домашни растенија, не направи ништо страшно”, рекол Мекфарлејн.
Мечката влегувала и излегувала низ прозорец на катот, а откако ја пребарала куќата, избегала низ прозорец од првиот кат.
Извор: nezavisne.com