Меѓународната мрежа за проверка на факти со отворено писмо до Зукерберг: Го поништувате деценискиот напредок во промовирањето на точни информации!

Повеќе од стотина организации кои се занимаваат со проверка на факти од целиот свет го потпишаа отвореното писмо, објавено на страницата на Poynter институтот за медиуми од Флорида (САД).

По најавата дека Мета ќе ја укине програмата за проверка на факти во Соединетите Американски Држави, Меѓународната мрежа за проверка на факти (The International Fact-Checking Network – IFCN) објави отворено писмо испратено до Марк Зукерберг, основач и извршен директор на оваа компанија.

Повеќе од стотина организации кои се занимаваат со проверка на факти од целиот свет го потпишаа отвореното писмо, објавено на страницата на Poynter институтот за медиуми од Флорида (САД).

Во писмото се истакнува дека оваа одлука се заканува да го поништат речиси децениското напредување во промовирањето на точни информации и бројни потврдени позитивни резултати од овој програм. Потврдувајќи ја важноста на улогата на новинарството за проверка на факти во различни средини, се предупредува дека укинувањето на програмата на Мета за проверка на факти може да има посебно штетен ефект во држави каде што дезинформациите се користат како средство за предизвикување политичка нестабилност, загрозување на кредибилитетот на изборите, па дури и поттикнување на геноцид.

Мета, се вели во писмото, од сите партнери барала да се придржуваат кон строги стандарди за политичка непристрасност, чие исполнување било осигурено со верификација преку Меѓународната мрежа за проверка на факти, а кои самата компанија досега никогаш не ги довела во прашање. Напротив, Мета се пофалила со нив, а својот програм за проверка на факти неодамна го проширила и на својата нова мрежа, Threads.

Особено се нагласува посветеноста на новинарството за проверка на факти на слободата на изразување, за што членовите на IFCN заеднички се изјасниле минатата година на конференцијата GlobalFact одржана во Сараево.

Нагласен е фактот дека партнерите за проверка на факти никогаш немале ниту можност ниту овластување да отстрануваат содржини или профили од платформите на Мета, и се осудуваат овие коментари на сопственикот на компанијата, кои, како што се наведува, несомнено ќе ја засилат погрешната перцепција дека редакциите за проверка на факти се одговорни за одлуките за модерација што Мета самата ги спроведува на своите платформи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни