Димензиите на културното наследство се откриваат истражувањата преку кои се потврдува македонскиоткултурен идентитет, беше речено на отворањето на меѓународната научна конференција што од денес до петок ќе се одржува во прилеп во организација на Институтот за старословенска култура и на локалната самоуправа.
Темата на научниот собир на кој учетсвуваат научни истражувачи од Македонија, соседните земји и од САД, е „Материјализација на мислата: Идеолошките концепти во културното наследство“.
„Основната идеја е на пошироката јавност да ѝ ги претставиме сите димензии во културното наследство, а се откриваат со нашите истражувања, а кои денес не се доволно објаснети, видливи за современиот човек. Сметаме дека е многу важно да се обрне внимание на самата суштина, значење на културните артефакти, народното творештво, легендите, митовите, литературните творби“, изјави Александар Василески, директор на прилепскиот Институт за старословенска култура.
Според Василески, одговор на сите шпекулациииза македонскиот културен идентитет се тоокму истражувањата и меѓународните научни собири со кои се презентирааат артефактитеи откривањата на богатите културни слоеви.
Токму овие меѓународни научни собири се во средината на одговорите на сите прашања за македонскиот културен идентитет. Единствено преку науката, преку научните истражувања и нивна презентација може да се стигне до продлабочени ивистински сознанија. Токму на овој научен собир е предвидено да имаме дијалог со претставници од другите земји за да се стигне до подлабоко познавање на сопственото културно наследство, рече Василески.
На научната конференција која ќе трае до петок, македонските и странските научни истражувачи ќе пречентираат 40-тина научни истражувања и сознанија за откривање на културните слоеви како богато наследство.