Мајските парламентарни избори во Албанија најскапи досега

Гласањето на 11 мај за избор на новиот состав на парламентот е најскапото во историјата на изборните процеси во Албанија.

„Над 3 милијарди и 100 милиони леки(320 милиони евра)  е сметката што Централната изборна комисија ја плати за гласање и во земјата и надвор од неа. Она што ги направи мајските парламентарни избори најскапи беше гласањето на дијаспората. Спроведено за прв пат, тоа е една од главните причини зошто изборите во 2025 година поставија рекорд на потрошени пари“, објавија медиумите во Тирана.

Поделен во две категории, најголемиот дел од буџетот бил потрошен за услуги, односно за поштенската служба за гласање од странство со над 912 милиони леки.

Во втората категоријата, најмногу средства или над 220 милиони леки  се потрошени за изборни материјали, додека за информирање на граѓаните преку традиционалните и дигиталните медиуми 22 милиони леки.

Финансиската сметка за изборите би била малку помала доколку гласовите од 11 мај не се пребројуваа за окрузите Тирана, Фиер и делумно Драч. Но, со оглед на тоа што во најмалку три општини Мат, Берат и Тепелена, ќе се повтори гласањето веројатно е дека вкупните трошоци за изборите во 2025 година ќе надминат вредност од над 3 милијарди и 137 милиони леки.

Иако изборите,11 по ред, беа спроведени пред три месеци, ЦИК сеуште ги нема објавено официјалните резултати иако Социјалистите на Еди Рама прогласија победа, со освоени 83 од вкупно 140 пратенички места. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни