Matto Napoletano повторно меѓу најдобрите: 92 место на светската ранг-листа „50 Top Pizza“

Во 2022, 2023, 2024 и повторно во 2025 година, „50 Top Pizza“ ја издвојува Matto Napoletano како лидер на македонската пица-сцена. Рангирањата на оваа престижна организација се базираат на анонимни посети од страна на нивни експерти, кои детално го оценуваат квалитетот на производот, тестото, состојките, атмосферата и услугата.

По четврти пат по ред, меѓународниот водич „50 Top Pizza“ ја рангираше Matto Napoletano како пицерија број 1 во Македонија. Истовремено, оваа година скопската пицерија го освои и 92-то место на листата со 100 најдобри пицерии во светот, што е трет пат по ред да биде меѓу светската елита, и од регионот единствени со две последователни специјални награди – уште една потврда за континуираниот успех и препознатливиот квалитет.

Во 2022, 2023, 2024 и повторно во 2025 година, „50 Top Pizza“ ја издвојува Matto Napoletano како лидер на македонската пица-сцена. Рангирањата на оваа престижна организација се базираат на анонимни посети од страна на нивни експерти, кои детално го оценуваат квалитетот на производот, тестото, состојките, атмосферата и услугата.

„Тајната е во пасијата – кон секоја пица, кон секоја паста. За нас, тоа е гест на љубов кој нè води секој ден. Пицата и пастата се нашата животна мисија, универзален јазик што ги поврзува луѓето. Она што нè прави неодоливи е едноставноста, искреноста и балансот – кога сè е направено правилно, тоа е магија,“ изјавија Зоран Васиљевиќ и Дане Кузмановски, креаторите на Matto Napoletano.

Освен светското рангирање, Matto Napoletano бележи и значајни европски успеси:

Во 2024 година, траторијата се најде на 16-то место во Европа, што претставува највисок пласман досега.

Истиот период доби и специјално признание од Peroni за најдобра понуда и услуга на пиво во Европа.

Во 2023 година беше рангирана на 25-то место во Европа, додека во 2022 година на 41-то место.

Matto Napoletano е единствената пицерија од регионот која има освоено две последователни специјални награди од „50 Top Pizza“ – уште една потврда за уникатноста и препознатливиот стил што ја издвојува на меѓународната сцена.

Водичот „50 Top Pizza“ е основан во 2017 година од страна на италијански новинари за гастрономија и брзо стана најреномираниот меѓународен водич за пицерии, често нарекуван и „Мишелин водич за пица“. Нивните годишни ранг-листи ги опфаќаат најдобрите пицерии во Италија, Европа, Азија и САД, со јасна мисија – да го прослават најдоброто од уметноста на пицата ширум светот.

Matto Napoletano и оваа година уште еднаш докажа дека Скопје е дел од светската мапа на врвни пицерии – и тоа со вкус, страст и искрена автентичност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни