Компанијата развива софтвер што користи AI за анализа на податоци од бојни полиња и управување со воени беспилотни летала, како и сопствен дрон HX-2, а Ек е и претседател на компанијата.
Во соопштение, групата истакна дека нивната одлука не е поврзана со иницијативата No Music for Genocide, но е мотивирана од „значителните инвестиции на извршниот директор во компании што произведуваат воени дронови и AI технологии интегрирани во борбени авиони“. Massive Attack го нарекуваат ова „морален и етички товар“ за уметниците, бидејќи приходите од нивната музика, индиректно, финансираат смртоносни технологии.
Групата додаде дека историското влијание на уметниците во борбата против апартхејдот во Јужна Африка и сегашните воени и геноцидни активности во Израел го прават No Music for Genocide критично важна иницијатива. Massive Attack ги повика сите музичари да ја пренасочат својата креативност и револт во конкретни акции за поддршка на Палестинците.
Претходно, Massive Attack соработуваше со други уметници и организации за заштита на уметници кои се обидуваат да ја изразат својата поддршка за Палестинците, со цел да ги заштити од притисок и цензура. Воедно, тие се приклучија кон повеќе од 400 уметници кои го блокираат својот материјал на стриминг-платформи во Израел, вклучувајќи ги King Gizzard and the Lizard Wizard, Godspeed You! Black Emperor и други.
Извор: The Guardian