Massive Attack ја повлекуваат својата музика од Spotify во знак на протест против инвестиција на Даниел Ек во воена технологија

Британската група Massive Attack стана најновиот голем изведувач кој го повлекува својот музички каталог од Spotify, реагирајќи на инвестицијата од 600 милиони евра на основачот на платформата, Даниел Ек, во компанијата за воена вештачка интелигенција Helsing.

Компанијата развива софтвер што користи AI за анализа на податоци од бојни полиња и управување со воени беспилотни летала, како и сопствен дрон HX-2, а Ек е и претседател на компанијата.

Во соопштение, групата истакна дека нивната одлука не е поврзана со иницијативата No Music for Genocide, но е мотивирана од „значителните инвестиции на извршниот директор во компании што произведуваат воени дронови и AI технологии интегрирани во борбени авиони“. Massive Attack го нарекуваат ова „морален и етички товар“ за уметниците, бидејќи приходите од нивната музика, индиректно, финансираат смртоносни технологии.

Групата додаде дека историското влијание на уметниците во борбата против апартхејдот во Јужна Африка и сегашните воени и геноцидни активности во Израел го прават No Music for Genocide критично важна иницијатива. Massive Attack ги повика сите музичари да ја пренасочат својата креативност и револт во конкретни акции за поддршка на Палестинците.

Претходно, Massive Attack соработуваше со други уметници и организации за заштита на уметници кои се обидуваат да ја изразат својата поддршка за Палестинците, со цел да ги заштити од притисок и цензура. Воедно, тие се приклучија кон повеќе од 400 уметници кои го блокираат својот материјал на стриминг-платформи во Израел, вклучувајќи ги King Gizzard and the Lizard Wizard, Godspeed You! Black Emperor и други.

Извор: The Guardian

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни