Во спортската сала Борис Трајковски денеска денеска во 18 часот ќе се одржи масовно скокање на јаже. Сите присутни можат да учествуваат на интересен тренинг со сопствена тежина и со помош на едно јаже.
– Соберете ги вашите блиски, од најмал до најстар и да направиме еден интересен тренинг исполнет со забава. Ќе има интересни награди за сите учесници и лотарија каде што ќе може да се добие уште некоја интересна награда – велат организаторите.
Настанот се одржува во рамките на Европската недела на спортот што се реализира во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Европската Унија и други.