Масовен руски напад врз Киев однесе животи, Украина возвраќа

Во масовниот руски напад врз Украина загинаа најмалку четири лица, а повеќе десетици беа ранети. Украински ракети претходната ноќ беа испукани кон цели во Русија, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Нападите врз Киев започнале рано утрината. Според украинските власти, Русија лансирала 430 дронови и 18 ракети, а Зеленски го опиша овој напад како најмасовен врз главниот град од почетокот на војната. Штета е пријавена во осум од десетте градски окрузи.

„Живееме на вториот кат. Го спуштив детето низ прозорец. Мојот син има 14 години. Прво него го спуштив, а потоа и јас скокнав“, изјави Ина Висоцка, жителка на уништена зграда.

„Мојот стан е таму, до оној каде што виси завеса. Една соба целосно исчезна. Бев во неа – беше поплавена и изгорена“, сведочи Роман Коберник, друг станар на оштетениот објект.

Украински ракетни одговори

Зеленски соопшти дека украинските сили ноќта употребиле крстосувачки ракети со долг дострел „Long Neptune“ против цели во Русија. Објави и црно-бел видео-снимак на лансирање ракета, за кој агенцијата Ројтерс не можеше да потврди каде и кога е снимен.

Русија, пак, тврди дека пресретнала повеќе од 200 украински дронови. Во нападите биле ранети четири лица, а во Новоросијск биле оштетени објекти, складиште за нафта и еден брод. Локалните власти прогласија вонредна состојба и обезбедија привремен сместувач за погодените. Украинската армија тврди дека погодила и складиште за нафта на Крим.

Неповолна дипломатска клима

Судбината на мировниот самит инициран од американскиот претседател засега останува неизвесна. Москва соопшти дека разговорите меѓу рускиот министер за надворешни работи и американскиот државен секретар ќе продолжат.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни