Најмоќната ракета на светот — Starship на SpaceX — конечно успешно се издигна во својата десетта тест-мисија по неколку одложувања. Овој пробен лет доаѓа по серија технички проблеми и експлозии кои ја доведоа во прашање способноста на ракетата да ги исполни амбициозните планови на Илон Маск за патување до Марс и комерцијално лансирање сателити.
Starship е клучна компонента во идните мисии на NASA, која планира да ја користи за враќање на астронаути на Месечината до 2027 година. Успехот на оваа ракета е тесно поврзан и со Starlink — проектот за сателитски интернет на SpaceX. Летот беше одложен двапати, а претходните три мисии завршија со експлозија.
Целта на оваа мисија беше горниот дел од ракетата да прелета половина од планетата и контролирано да се спушти во северозападна Австралија, додека Super Heavy требаше да заврши во Мексиканскиот залив. SpaceX не се обиде да го фати, туку го искористи летот за собирање податоци во реални услови.
Маск останува оптимист — и покрај неуспесите, неговата филозофија „брзо греши, брзо учи“ веќе му донесе водечка позиција на пазарот. Тој најави дека до 2031 година Starship ќе може да лансира повеќе од 24 пати во еден ден. Но, пред тоа, треба да се решат клучни предизвици како полнење гориво во орбита и развој на целосно повторно употреблив топлински штит.