„Голем број граѓани на Србија мирно демонстрираа во Белград”, соопшти Европската комесарка за проширување Марта Кос на социјалната мрежа Икс.
„До сега невиден број на граѓани на Србија денес мирно демонстрираа во Белград, повикувајќи се на владеење на правото и на силни, одговорни демократски институции. Им благодарам на сите кои ја обезбедија нивната безбедност. Треба да следи договор за реформи кои се неопходни за европскиот пат на Србија“, навела комесарката.
Студентите го прогласија крајот на големиот протест во Белград околу 19:30 часот, поради инцидентикои се случија кај Собранието. Во текот на оддавањето почит на загинатите настана стампедо, а се сомнева дека причина за тоа било користењето на звучен топ. Архивата на јавните собири соопшти дека на протестот било присутно помеѓу 275.000 и 325.000 луѓе, со можност бројот да бил и поголем.