Марк Еури со настап во Буква

На 1 август од 19.30 часот во кафе Буква, концерт ќе одржи поклоникот на класичната, електронската и минималистичката музика, Марк Еури.

Како самоук мултиинструменталист, Ерик се движи од чиста едноставност до епичност, градејќи врски со романтизмот и импресионизмот на XVIII и XIX век. Задлабочувајќи се во интроспекција, неговиот свет е интимистички и контемплативен, како остров вон времето кој отвора излез од бучниот живот на секојдневието.

Слушајќи ја неговата музика, можеме да помислиме на Филип Глас, на Макс Рихтер, на Јохан Јохансен, на Стив Рајх, на теми во кои класичната музика се проникнува со електронски ритми и шеми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни