Од анализа до акција: Мапирање на еколошката (не)правда кај младите во Северна Македонија

Истовремено, иако 86% од младите изразиле загриженост за состојбата со животната средина, само 7,8% биле вклучени во каква било активност поврзана со неа. Најзагрижувачки е што дури 43% од младите од урбаните средини и 33% од младите од руралните средини често или понекогаш се изложени на загадување во местото каде што живеат. Речиси половина од испитаниците сведочат дека загадувањето негативно влијае врз нивното ментално и физичко здравје – појави како анксиозност, чувство на беспомошност и депресија се присутни особено кај младите жени и оние кои живеат во најзагадените општини.

Над 1.200 млади луѓе од сите осум плански региони учествуваа во акциско истражување кое покажува дека еколошката (не)правда кај младите во Македонија е длабоко поврзана со нивниот социо-економски и етнички идентитет, како и со местото на живеење. Анализата „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“ укажува дека младите кои живеат во Полошкиот регион, рурални средини, оние од ромската заедница и младите со попреченост, се несразмерно повеќе изложени на загадени средински услови – при што 90% од нив не знаат каде да пријават еколошки проблем.

Истовремено, иако 86% од младите изразиле загриженост за состојбата со животната средина, само 7,8% биле вклучени во каква било активност поврзана со неа. Најзагрижувачки е што дури 43% од младите од урбаните средини и 33% од младите од руралните средини често или понекогаш се изложени на загадување во местото каде што живеат. Речиси половина од испитаниците сведочат дека загадувањето негативно влијае врз нивното ментално и физичко здравје – појави како анксиозност, чувство на беспомошност и депресија се присутни особено кај младите жени и оние кои живеат во најзагадените општини.

Но истовремено, анализата покажува и дека младите се подготвени да дејствуваат. Според нив, клучот лежи во колективна акција, промена на ставови, развивање на зелени вештини и вистинско вклучување во процесите на одлучување. Голем дел од нив го поддржуваат формирањето на локални младински совети и изработка на стратегии кои ќе ги адресираат прашањата поврзани со животната средина. Целосниот документ е достапен на: zzz.org.mk

Проектот “ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина” е поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, во партнерство со Center for Youth Activism KRIK (како носител), Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.

Во рамки на проектот изработена е и онлајн платформа www.zzz.org.mk, која им овозможува на граѓаните бесплатно да пријават проблем од сферата на животната средина до својата општина – лесно и директно, без административни бариери.

Анализата е изработена во рамки на проектот ЗЗЗ – ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, финансиран од Владата на Швајцарија преку „Цивика мобилитас“, што го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Ставовите на авторката изразени во оваа публикација не ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни